Над 40.000 издадени бугарски пасоши ќе се најдат под лупа на бугарското министерство за надворешни и Државанта агенција за национална безбедност, по наредба на премиерот Бојко Борисов.
Ќе се чешлаат сите патни исправи издадени на странски државјани во последните пет години. Тие треба да бидат проверени во најкраток можен рок, а резултатите од ревизијата, по барање на премиерот Борисов, ќе треба да му бидат предадени лично нему.
Македонците кои поседуваат бугарски пасоши, според првиот човек на Бугарскиот културен клуб во земјава, Лазар Младенов, не траба да стравуваат дека ќе им биде одземен, бидејќи над 99 проценти од македонските граѓани документите ги добиле по легален пат. Сепак, доколку патната исправа била стекната со заобиколување на неопходните процедури, ќе следува одземање на документот, смета Младенов.