„Сакам да работам во јавна куќа“. Вака гласат стотиците барања што секојдневно стигаат на адреса на истанбулското Здружение „Шефкет-дер“, а ги доставуваат мажи.
Доставувањето „апликации“ уследија откако Здружението организира собир од кој беше упатено барање за отворање јавни куќи во кои сексуални услуги ќе даваат мажи, што наиде на голем одѕив во јавноста. По собирот Здружението испрати и петиција до турското Собрание со која се бара да се овозможи отворање јавни куќи со мажи.
Според претседателот на Здружението, Хајретин Булан, досега добиле 5.000 барања од турски мажи, кои пројавиле интерес да работат како машки-проститутки.
Јавните куќи со жени се легални во Турција и според стататистичките податоци, во земјата има околу 100.000 регистрирани проститутки кои плаќаат данок од своите преходи остварени од сексуалните услуги.