Над 50 уапсени во големата акција против дилери на дрога во Македонија и Германија


Полициите имаат сомневање за инволвираност во шверц со дрога за над 50 лица. Шеснаесет од нив живеат во Македонија, а приведени се 12. Едно од лицата е веќе во затвор, а по три македонската полиција се уште трага, јавува Курир.

lisice-hapsenje-1332406808-138190Во Германија, поточно Франкфурт, уапсени се над 35 лица за кои досега има потврда дека 19 се македонски државјани. Лицата биле опсервирани подолг временски период, а истите покрај шверц со дрога се сомничат и за „перење“ на нелегално стекнатите пари преку македонски фирми.

Криминалните групи најчесто работеле со хероин, но и со останата дрога. Во тек се претреси, како и дополнителни проверки во фирмите поради сомневањата за „перење“ пари.

Во Македонија апсења и претреси се вршени во Скопје, Штип, Велес, Битола, Свети Николе, Струга и Куманово.

Во сите досегашни акции во рамки на „диригент“, односно „Франкфуртската мафија“, уапсени се околу 400 лица.

Нови детали за оваа акција Министерството за внатрешни работи ќе соопшти во текот на утрешниот ден, по завршување на акцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1