Проценките се дека во моментов над 5000 новоизградени станови на македонскиот пазар се непродадени.
Во првата половина од 2013 година станбениот сектор во Скопје бележи значителен раст. За 90% се зголемил бројот на нови станови пуштени во употреба, во однос на втората половина на 2012-та година.
Станбените капацитети во моментот на пуштање во употреба (издаден имотен лист) бележат во просек 43% сaлободни, односно не-продадени станови во првата половина на 2013 година.
Во однос на цените на новите станови, просечната цена во Скопје бележи намалување за 4,9% во споредба со втората половина на 2012 година, со што продолжи трендот регистриран минатата година. Просечната цена на становите во Скопје на годишно ниво забележа намалување за 13,8%.
Непродадените станови ќе мора да ја докорегираат цената
Во првата половина од годината највисоката просечна цена од 1.211 евра за квадратен метар е забележана во Центар. Просечната цена во најгусто населената општина, Аеродром е 931 евро за квадрат, што е пад за 5,6% во однос на втората половина од 2012, велат податоците на Фортон Македонија. 86% од новиот станбен простор кој ќе стане достапен до 2014 се наоѓа во Аеродром, Карпош и Центар.
Зголеманата понуда како ниската побарувачка ќе ги притисне градежните инвеститори да продолжат со намаување на цените. Цените ќе се прилагодат на пазарните услови и достапноста на банкарското финансирање, кое според кажувањата на банките ќе подлежи на натамошно релаксирање .
Целата анализа на – Економски.мк