Над илјада мигранти влегоа на сила во Коста Рика од Панама


Над илјада мигранти, од кои повеќето Кубанци влегоа на сила во Коста Рика од Панама, соопштија локалните власти.

Мигрантите, кои имале цел да стигнат во САД беа блокирани во Панама.migranti kuba

Телевизијата на Коста Рика објави снимки на судири меѓу мигрантите и полицијата во граничниот град Пасо Каноас. При немирите биле искршени прозорците на неколку згради и биле оштетени повеќе автомобили.

Меѓу илјада и 1.200 мигранти, од кои повеќето Кубанци, но и Африканци и Азијци, успеаја да влезат во Коста Рика. До крајот на денот поголемиот дел од нив беа вратени во Панама, а 120 останаа во Коста Рика.

Властите на Коста Рика како причина за ваквите инциденти ја наведуваат миграциската политика на САД. Во моментов Кубанците, кои во САД ќе стигнат преку копно, добиваат одобрение да влезат по проверката на документите за идентификација, а потоа тие имаат рок од една година за да поднесат барање за азил. Од друга страна пак Кубанците, кои американските власти ги пресретнуваат на море, се враќани во нивната татковина.

– Оваа политика погрешно ја насочува миграцијата и создава поволни услови за трговијата со луѓе, изјави на прес-конференција министерот за надворешни работи на Коста Рика, Мануел Гонсалес.

Меѓу ноември и март околу осум илјади кубански мигранти останаа заглаевни во Коста Рика, откако нејзиниот северен сосед Никарагва, ја затвори границата за нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1