Над половина од возниот парк во Македонија нема да помине на технички преглед ако се користи европскиот систем за контрола, јавува Канал 5.
Новата метода која наскоро ќе стартува со примена и кај нас ќе го оневозможи регистрирањето на автомобилите преку врски. Примената на читач на историјата на возилото ќе биде и драстично побрз и поевтин, па наместо сегашните инвестиции вложувањата во центри за технички прегледи ќе бидат и помали а тоа ќе придонесе и кон зголемување на конкуренцијата но и пад на цените за регистрација, објавува телевизијата.
Проблем во Македонија според европските експертите е големиот увоз на автомобили кои не ги исполнуваат условите за регистрација во Германија. Тоа значи дека истите се стари и во лоша состојба.
Просечната старост од над 20 сега изнесува само 14 години. Но според професорите и овој праг е висок и значително придонесува како во загадувањето така и во бучавоста во градот.
За примена на новиот закон за регистрација на возила кој ќе биде побрз и далеку поевтин треба да се направат и законски измени за кои подготовките се веќе започнати.