Над три милиони евра за прскалките на Плоштад


Ако се суди по понудите доставени до градските власти, изградбата на фонтаната прскалка на плоштадот ќе чини меѓу 2,9 и 3,8 милиони евра. Тука е пресметано и поставувањето мермер и друга нова урбана опрема.

nova-fontana1Толку пари за зафати побарале три домашни фирми кои се пријавиле на тендерот за изведувач, иако документација подигнале вкупно девет заинтересирани. Најскапа понуда доставила прилепската „Крин КГ“, која бара речиси 3,8 милиони евра да го изведе замислениот проект. За изведувач се јавила и гостиварска „Пелагонија“, чија понуда изнесува 3,4 милиони евра, додека најевтина била понудата на „Транс мет“ од Скопје, 2,9 милиони евра. Првите две по втор пат доставуваат понуди за разлика од третата компанија која има најевтина понуда, пишува Утрински весник.

Според идејното решение, проектот предвидува на плоштадот меѓу Камени мост и фонтаната на Александар Македонски да се инсталираат 128 површински прскалки, на простор од 15 на 15 метри. На поголем дел од сегашниот плочник повторно ќе се стави коцка, но не старата која е извадена од плоштадот, туку целосно нова. Планирано е просторот да се разубави и со нови клупи, канделабри и канти за отпадоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1