Над Трнодол и Жданец ќе никнат нова населба и обиколница?!


Идејата над Трнодол и Жданец да се гради нова населба ги вознемири жителите од овие населени места. За промените на деталниот урбанистички план на општина Карпош, дознале пред два месеца откако повторно се актуелизира планот за изградба на Јужната обиколница, објави Телма.

Со новиот ДУП е предвидено обиколницата да минува 400 до 450 метри подолу на Водно и би го зафатила последниот рид на куќи.trnodol

Нејзината траса треба да започнува од фабриката „Реплек“ и да заврши најверојатно кај Клиничкиот центар, движејќи се цело време по подножјето на Водно.

Иницијативата за прекинување на какви било активности за изградба на обиколница и нова населба, жителите велат дека ја поддржува и градоначалникот на општината Карпош, Стевчо Јакимовски. Ова, велат жителите е уште еден удар на планината Водно која во последниве години континуирано се урбанизира и уништува.

Градоначалникот Јакимовски се обрати на својата фејсбук-страница по реакцијата на локалните жители:

„И јас се придружувам на иницијативата на граѓаните на Трнодол. Обиколницата требаше да оди многу повисоко, но стручњаците што го работеа Генералниот урбанистички план од Град Скопје, одлучија таа да се спушти пониско. Тоа беше спротивно на нашата волја и заложба (од Општина Карпош). Затоа, повеќе пати, на сите состаноци кои ги имавме претходно со подготвувачите на ГУП-от зборувавме, но за жал не им ги прифатија нашите сугестии. Им советувам на граѓаните да не се вознемируваат, затоа што таа обиколница ниту ќе се гради, ниту за тоа има средства, а во изработката на нов ГУП кој ќе го носи Градот Скопје ќе се бориме таа да оди повисоко“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1