Надал e болен – има Хова синдром


Иако на почетокот се веруваше дека повредата не е страшна, се покажа дека здравствени те проблеми на Рафаел Надал се многу посериозни.

Шпанскиот тенисерски ac поради повреда на коленото не учествуваше ниту на Олимписките игри, како и на Мастерс турнирите во Торонто и Синсинати, а сега вели дека нема настапи и на претстојниот УС Опен.
Шпанските медиуми објавија дека нивниот омилен спортист боледува од таканаречен  Хофа синдром. Тоа е нарушување на коленото, односно во задниот дел на зглобот од коленото се создаваат масни наслаги, кои под притисок на тетивите и менискусот доведуваат  до преоптоварувањена коленото и тешко воспаление на лигаментите.

На Надал му е потребна операција на коленото, а зафатот е достра ризичен. Оваа болест бара неколку месечен одмор, а постои ризик симтомите повторно да се појават после тренингот.
Тимот на Надал, се одлучи светскиот тенисер повеќе месеци да одмора. Тие одбија Рафаел да застане на операциона маса, бидејќи зафатаот е доста ризичен, што би можело да значи и крај на кариерата на овој врвен тенисер.
-Ќе се вратам на теренот кога ќе бидам во состојба да играм. Не сакам да избрзувам. Многу ми е тешко што морам да го пропуштам и УС Опен, бидејќи од секогаш сум сакал да играм на овој турнир. Но сега треба да се одморам, а мето враќање на теренот зависи од состојбата во која ќе биде моето повредено десно колено, изјави Надал.

Tags: , , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1