Видео: Чудовиштето од Лох Нес има сестра во Норвешка?


Тројца мажи кои летале, набљудувајќи го езерото Хорниндалсвтнет во Норвешка, забележале суштество кое наликува на Неси од Шкотска.

“Видовме што видовме, тука нема дилеми“, изјавил еден од сведоците, Андреа Солвик.

Тие мистериозното суштество успеле да го снимат на мобилен телефон и да го забележат долгото тело, главата и две перки налик на раце. Суштеството потсетува на чудовиштето од езерото Лох Нес во Шкотска,  и на многу други кои се видени во претходните векови.

Ова не е првпат да се појават гласини дека е видено чудно суштество во езерото Хорниндалсвтнет кое е најдлабоко во Европа, но сега Солвик и неговите пријатели Фил Нихамер и Арвид Отердал, имаа можност да се запознаат со преданијата.

“Жиевеам на овој брег веќе 50 години и поминав многу часови набљудувајчи го езерото, но нокогаш не забележав нешто слично“, изјавил Солвик.

Сведоците на настанот, одбиваат дека станува збор за јагула или некоја друга риба која живее во езерото.

Ако се докаже дека навистина постои ова суштество, се надеваме дека нема да ги изеде затворениците од Бестој, кои ја отслужуваат казната во најубавиот затвор на светот.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1