Надеж за сите неплодни жени: Жена со пресадена матка роди здраво момче!


Лекари од Шведска информираа дека жена родила дете откако нејзе претходно и била трансплантирана матката, што е прв ваков случај во светот.

На мајката која имала 36 години минатата година и била трансплантирана матка.bebe500

Бебето е родено минатиот месец, предвреме, но здраво а сега мајката и детето се во добра состојба и се пуштени дома.

Професорот Матс Бранстром, од одделот за гинекологија и акушерство на Универзитетот во Гетеборг, кој го водел проектот, рекол дека бебето е „фантастично“.

Шведските лекари исто така објавиле и дека на почетокот од оваа година успешно кај девет жени извршиле трансплантација на матка и дека тие наскоро ќе бидат подложени на ин – витро оплодување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1