Во зградата на француската улица со број 6 во Нови Сад, трагично настрадала Надица Илиќ (41) додека ги местела завесите на терасата. Несреќната жена паднала од висина од околу 10 метри и починала на лице место.
Трагедијата се случила околу попладне кога Надица и нејзината мајка Штефица Илиќ го чистеле станот, а жената најверојатно паднала од невнимание.
– Не знам што се случи…како отиде моето злато, мојата вредница. Не е точно дека се уби, немаше никаква причина за тоа. Беше среќна. Ја родив во шестиот месец со килограм и нешто и од тогаш се борев само за неа. Порасна во убава девојка и силна жена, а сега да ја изгубам на ваков начин, плачела нејзината мајка.
Надица денеска имала слободен ден, па таа и мајка си уште од утрината се договориле да го потсредат станот.
– Ја поделивме работата и рековме дека денеска половина стан ќе го исчистиме, а другата половина утре на пладне, кога ќе се врати од работа. Таа, до душа, повеќе чистеше и переше и ги испра завесите, а јас се занесов околу ручекот. На тарасата имаме ставено подебели завеси за да не не пече сонцето. Таа завесна ја испра и се качи на столица да ја закачи таа проклета завеса. Ништо не слушнав, раскажала неутешната мајка.