Надрилекар од Србија обвинет за смртта на Славчо Петров


Надрилекар од Србија е виновен за смртта на 31 годишниот Македонец Славчо Петров, обвинува неговата сестра. Таа во телефонски разговор за сител тврди дека Мирољуб Петровиќ од Крушевац кој бил противник на традиционалната медицина, ги убедувал дека со тревки ќе го излекува туморот на мозокот на нејзиниот брат.

Јовановиќ раскажа дека првиот контакт со доктортот го имале преку меил. Откако му кажале за каква болест станува збор, тој на нејзиниот брат му забранил да пие лекови, и да оди во болница, а за секој епилептичен напад, велел дека е демонски напад.

Таа вели дека освен за периодот кој нејзиниот брат го поминал во т.н “Центар за природна медицина”, Петровиќ им наплаќал и за секој нов совет.

По смртта на брат и, Јовановиќ се соочила со, како што вели контроверзниот лекар на српска телевизија. Тој ги отфрлил сите обвинувања.

Целиот случај околу лекувањето на младиот Македонец го испитува и српското обвинителство. Оттаму потврдуваат дека веќе е отворена предистражна постапка против Мирољуб Петровиќ, за да се открие дали тој навистина се занимавал со надрилекарство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1