Наезда од скакулци во Македонија – пет штипски села прекриени со скакулци


Жители од штипските села Лакавица, Степанци, Лесковица, Суво Грло и Пухче се жалат дека нивите со тутун, домати, пиперки и лозје им се нападнати од скакулци.

25062013154914skakulcilakavicaНагим Демирша жител на село Лесковица, кој веќе 15 години е тутунопроизводител вели дека има големи штети на тутунот.

-Овие скакулци веќе 20 дена ни го уништуваат тутунот, околу 80 семејства кои се занимаваме со тутун веќе имаме големи штети. Скакулците кои ги викаат „мароканци“ ни ги јадат листовите, значи нашата прва рака која е најквалитетна ја немаме, рече Демирша.

Скакулците кои се од типот „мароканци“ и се со кафеава боја, веќе 20 дена ги напаѓаат нивите на кои има тутун, раноградинарски производи и лозја.

Жителите од петте штипски села бараат Министерството за земјоделство да реагира и да изврши прскање, бидејќи досегашните нивни прскања против овие инскети се покажале како неуспешно.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1