Дали имате преголема желба за чоколада, сочна шницла или, можеби, за лута пиперка? Силната потреба за одредени производи може да биде сигнал со кој телото ви испраќа важна порака во врска со здравјето
Потребата за солени грицкалки е показател за исцрпеност, посебно ако човекот има многу обврски и постојано е под стрес. На телото тогаш му се потребни дополнителни минерали кои се наоѓаат во природната сол, но не и во преработената. За да се задоволи желбата, треба да се јадат пуканки (без сол и путер).
Што да се преземе: силната потреба за внесување сол се поврзува се сериозни здравствени проблеми, како што се дијабетис и висок крвен притисок. Затоа, ако одеднаш ве фати напад за соленки, посетите го својот лекар и направете контролен преглед.
Научници веруваат дека алкалоидите кои се наоѓаат во чоколадата го подигнуваат нивото на серотонин во мозокот и така ни се подобрува расположението. Исто така, чоколадата содржи витамин Б и магнезиум, кои го контролираат создавањето енергија во организмот.
Што да се преземе: јадете црна чоколада наместо млечна или бела. Најдобро е чоколада со најмалку 70 отсто какао, кој е богат антиоксиданс. На тој начин грицкањето чоколада е корисно за вашето здравје. Но, сепак, бидете умерени. Ако претерате со чоколада, ќе добиете вишок килограми и така ќе се поништи целата негова корист за здравје.
Тестенини
Ако имате потреба за јаглехидрати, тоа значи дека ви е паднато нивото на шеќер во крвта (хипогликемија). Кога нивото на гликоза во крвта е премногу ниско (се јавува кога има голема временска разлика меѓу два оброка) телото има потреба за јаглехидрати, па на човекот му се јаде компир, леб и тестенина.
Што да се преземе: за да се покачи нивото на шеќер, треба да се јадат добри јаглехидрати, а не оние преработените кои само ќе ја влошат состојбата. Овес, овошје, интегрална тестенина и кафеав ориз се најдобар избор.
Шницла, многу вода, Кекс и колачи, Леб, Лута храна – на која болест укажува ова прочитајте на Бабин Лек.ком