За доделување на државната награда „23 Октомври” во 2012 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија
1. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– проф. Владимир Георгиевски, ликовен уметник од Скопје и на
– Халил Зендели, писател од Скопје.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2012 година (вторник) во 11 часот, во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим.