Приватното обезбедување ќе може да става лисици – нови овластувања


Ќе може да ставаат лисици или при својата работа да водат дресирани кучиња, ова се нови овластувања на припадниците на агенциите за обезбедување предводени во ново изработениот предлог закон за приватно обезбедување.

Причина зошто е донесен овој закон со кој им се зголемија овластувањата на приватните обезбедувачи е за да се одговори на потребите на стопанството и зголемениот обем на бизнисот со обезбедување.

Огнено оружје ќе може да носат само во кругот на објектот кој го обезбедуваат или при транспорт на вредни пратки и пари. Бројот на оружјето во една агенција ќе изнесува половина од бројот на вработените. Агенциите се должни и да имаат центар каде ќе се чуваат сите податоци и видео снимки од надзор за кои се активирал алармот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1