Награда за „Трајни музички вредности“ за Игор Џамбазов


Музичката академија на радио “Бубамара” оваа година без двоумење одлучи наградата за „Трајни музички вредности“ да му ја додели на Игор Џамбазов.igor-02

Нашиот познат актер и шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец, повеќе од 40 години е значаен дел од македонската култура и уметност. Со своите извонредни уметнички и сценски перформанси Џамбазов остави и се уште остава неизбришлива трага. Како добитник на наградата за „Трајни музички вредности“, тој го најде своето место меѓу најдобрите кои досега блеснаа во оваа категорија, легендите Влатко Стефановски, Оливер Мандиќ, Тончи Хулиќ, Влада Дивљан и многу други.

Специјалното, 19-то издание на „Златна Бубамара на популарноста“ годинава ќе се одржи на 18-ти февруари во “Метрополис Арена” во Скопје под мотото „ДА СЕ СОБЕРЕМЕ – ПРЕД ДА НÉ СОБЕРАТ“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 6-ти и 7-ми февруари преку мрежата на Мк Тикетс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1