Гостите брзајќи понекогаш знаат да остават ситни работи по хотелските соби каде што престојуваат.
Од гардероба до четки за заби или некои други хигиенски прибори. Но понекогаш собарките знаат да пронајдат навистина бизарни и чудни работи. Направено е истражување во кое биле земени во предвид 500 хотели низ целиот свет, а прашањето било кои се најчудните работи кои гостите ги заборавале во собите.
Наведено е дека еден патник во хотелот во Будимпешта оставил полжави, додека во еден хотел во Америка се пронајдени 10,000 долари. Во еден хотел во Вашингтон во собата била пронајдена змија, а еден гостин бо хотел во Прага ја заборавил дури и сопругата, додека ист негов пријател ја заборавил сопствената мајка. Во хотел во Милано сопствениците си го заборавиле кучето, а во хотелска соба во Њујорк, пронајден е венчален фустан. Еден несовесен полицаец си го заборавил пиштолот по бурната ноќ спроведена во хотелска соба во Лас Вегас.
Меѓу најчестите заборавени предмети секогаш на врвот на листите се наоѓаат мобилните, пасошите, четките за заби, клучевите од домовите или автомобилите.