Најбизарниот оглас за работа: Плата 750 евра!


Заработувачка без мака од 750 евра, нуди една погребна компанија во Вроцлав, Полска. Единствена обврска на заинтересираните е шест часа дневно да лежат во излог во мртовечки сандук.kovceg54

„За работата не се потребни посебни вештини, доволно е неподвижно да лежите шест часа. Единствена обврска е да кандидатот да носи елегантна облека и да има храброст за ваква невообичаена работа“, стои во огласот, којшто се појавил на еден локален портал во рубриката за дополнителна работа.

Работодавецот гарантира се по законот за работа, договор, шестчасовно работно време, слободни викенди, а уште и попуст за погребни услуги во случај на потреба, односно ако почине близок на „лежечкиот службеник“.

Секако ваквиот оглас брзо бил повлечен од порталот, особено откако новинарите на весникот Газета, тргнале малку да истражуваат околу огласот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1