Се расплака икона на Исус – плаче откако Сириза победи во Грција (ВИДЕО)


Иконата Распетие на Исус Христос во црквата во Аспрокабос на Коринт „плаче“ од 25 јануари – денот кога лево ориентираната Сириза ја освои победата на изборите во Грција.

Многу верници доаѓаа да ја видат иконата во ова грчко село, од која се слива проѕирна, масна и леплива течност без мирис, а свештениците побараа помош од група научници за да ги испитаат солзите.

isus-ikona-place

Митрополитот коринтски Дионизиос Манталос, вели дека ќе го информира Светиот синод за ова откритие, но предупредува дека не треба преурането да се донесуваат заклучоци, додека не се направат научни тестови.

Солзите на иконата стара околу 100 години според некои веќе се наречени „Чудо на Сириза“, но Манталос предупредува на внимателност.

Минатиот месец премиерот Алексис Ципрас, кој е атеист, ја прекина традицијата и не се заколна дека ќе му служи на народот пред челникот на Грчката православна црква.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1