Најблиските на загинатата Фросина ја блокираа „Партизанска“


Група студенти, пријатели, роднини и семејството на 19-годишната Фросина Цековска која беше прегазена кај Универзална сала, вчера ја блокираа „Партизанска“, барајќи да се пронајде вистинскиот виновник за несреќата. Собирот се одржа еден месец по несреќата, токму на местот каде трагично го загуби животот студентката од Крива Паланка

Foto - Faktor.mk

Foto – Faktor.mk

 

Собирот започна во 20.15 часот, кога поворката тргна од семафорот кај Универзална сала, каде што се случила несреќата, па се до местото каде што починала девојката. Носејќи транспаренти „Го сакаме вистинскиот убиец на Фросе“, „Возењето со 160 километри на час не е несреќа, туку убиство“, нејзините најблиски другарки и колеги палеа свеќи на булеварот во спомен на 19-годишната студентка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1