Директорот на Amazon ќе донира 2 милијарди долари за фонд што ќе им помага на сиромашните луѓе.
Станува збор за фондот Bezos Day One кој ќе помага за отворање на градинки во сиромашни квартови и ќе дава пари на непрофитни организации за помагање на бездомни семејства.
Портпаролката на Amazon изјави дека парите ќе доаѓаат дирекно од Безос, без да даде дополнително објаснување. Богатството на Безос е проценето на 160 милијарди долари.
Не е првпат тој да помага на најзагрозените, финансиски поддржува центар за истражување на рак и стипендии за мигранти. Безос на Twitter наведе дека еден дел од парите е наменет за организации и групи кои даваат засолниште и храна на бездомни семејство. Вториот дел од фондот ќе биде наменет за бесплатни градинки во делови на градот со ниски примања, каде „децата ќе бидат муштерии“. Засега не е познато како ќе изгледаат градинките кои ќе работат на Монтесори принципот, а ќе се фокусираат на учење низ игра, како и на индивидуалност и социјално-емотивниот развој.