Паника во Австралија; Игли за шиење скриени во јагодите!


Граѓаните на Австралија се вознемирени откако во јагоди низ продавниците пронашле игли за шиење! Паника владее и во Нов Зеланд, каде два големи дистрибутери на храна објавиле дека јагодите со потекло од Австралија ќе ги тргнат од рафтовите.

Како што наведува „Асошиејтед прес“, одгледувачите почнале да користат метални детектори, а австралиската влада започна истрага за откривање на сторителите.

Во сојузната држава Квинсленд веќе е распишана награда од 72.000 долари за валидна информација што би довела до апсење на сторителите.

Дојава за пронајдени игли има од сите шест држави во Австралија, а засега нема информации дали има повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1