Најбројното семејство во Македонија – Апостолоски имаат 12 деца


Најбројното семејство во Македонија живее во тетовско Ново Село. Се работи за семејството Апостолоски. Трпе и неговата сопруга Ѓурѓа имаат 12 деца.

Иако живеат на работ на егзистенцијата, семејството вели дека 12-те деца се нивното најголемо богатство.deca

На семејството на одржувањето на „Гоце фест“ во Домот на АРМ во Скопје му беа подарени 1.000 канадски долари од страна на фондацијата „Браќа Џидрови“.

Наградата ја предаде членот на Фондацијата „Браќа Џидрови“, Славе Катин, а ја прими Стојко Стојаноски директор и сопственик на фирма од Вратница, Тетовско, каде Трпе Апостолоски работи. Лефтер Манче и пред неколку години му подарил 1.000 долари на ова македонско семејство со православна вероисповед, со најмногу деца во Република Македонија.

Фондацијата „Браќа Џидрови“, на 21 мај годинава, заедно со КУД „Гоце Делчев“ од Скопје ќе го организира првиот семакедонски фолклорен фестивал во главниот град на Република Македонија. Тоа ќе претставува подарок за младите фолклористи од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, од Мала Преспа и од Република Србија.

Фондацијата „Браќа Џидрови“ која е посветена на браќата Димитар, Стево и Харила од село Загоричани, Костурско, кои своите животи ги дадоја во Граѓанската војна во Грција, ја започна својата дејност на 19 февруари годинава. Основач на Фондацијата е нивниот брат, д-р Лефтер Џидров-Манче од Отава, Канада, кој е светски естетски хирург и еден од најистакнатите донатори во македонската дијаспора чиј добротворни дела се добро познати меѓу Македонците во сите делови на Македонија.

kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1