Најчести детски стравови – во која годин од што се плашат


Од што се плашат децата, зависи од тоа колку се стари. Прочитајте ги најчестите детски стравови според годината во која се наоѓаат.

najcesti_detski_stravovi1. До 3 години: Страв од одбувување од мајката.

2. 3 години: Страв од полицајци, маски, неубави луѓе, животни, мрак, крадци.

3. 4 години: Страв од силни звуци, неубави луѓе, мрак, диви животни, мајчиното вечерно излегување.

4. 5 години: Се намалува стравот од неубави луѓе, а се зголемува стравот од куче, од пад, од тоа дека мама нема да се врати дома.

5. 6 години: Детето на 6 години најмногу се плаши. Се плаши од звуци (телефон, непријатен глас, вода во тоалет, птици), страв од духови, вештерки, дека некој е под креветот, страв од осаменост, дека на мама нешто ќе и се случи.

5. 7 години: Страв од мрак, подрум, сенки, духови, вештерки,.. Се појавува страв од крадци, луѓе кои се кријат под кревет, во ормар,.. Стравови кои настануваат по гледање на страшен филм, страшна приказна. Децата се плашат и дека не ги сакаат, дека ќе задоцнат во училиште.

6. Од 8 години: Стравот се намалува, а детето почнува да се плашиод реално опасни ситуации.

Бркајработа.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1