Најчести самоубиства – средовечни мажи од понизок слој


Губитокот на идентитет и машката гордост кај средовечните мажи предизвикува депресија која може да доведе до самоубиство.


Средовечните луѓе од непривилегираните слоеви се 10 пати посклони на извршување на самоубиства, често затоа што го имаат изгубено чуството на идентитет и гордост, укажува британско истражување, нарачано од добротворна организација „Самеританс“.
Ова истражување укажува дека самоубиството не е само проблем на менталното здравје, туку и на местата во друштвото и неспособноста на заедницата да одговорат на потребите на човекот соочен со депресија, анксиозност или некое друго психолошко пореметување.

Иако истражувањето е спроведено на просторот на Велика Британија, сепак научниците сметаат дека истотот е релевантно за голем број на развиени земји ширум светот, особено на оние кои доживеале промена кон пост-индустриската економија и кои се главната движечка сила на социјалните услуги.
Средовечниот човек во основа му е нејасно дали треба да биде сличен на луѓето од генерацијата на неговиот татко – често традиционални, смирени и штедливи, или на оние од генерацијата од неговиот син – со прогресивни сваќања и изразување на индивидуалност, сметаат експертите.

При тоа не помагаат ниту промените на пазарот на труд во последните 60-на години кои ја погодуваат работничката класа. Со опаѓањето на традиционалната иднустрија, средовечниот човек не само што ја губи работата туку и изворот на гордоста и идентитетот“, стои во извештајот.
Според податоците на Светската здраствена организација, мажите почесто се склони кон самоубиство од жените, во поготово речиси сите земји во светот, а главниот ризичен фактор за ваквиот чин се менталните заболувања, пред се депресијата како и употребата на алкохол, насилството, губењето на блиските и притисокот на културната и друштвена средина.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1