Венеција сака да се отцепи од Италија


Активистите на движењето за независност на Венеција одржуваат митиниг со кои бараат итно да се одржи референдум на кој граѓаните ќе гласаат за отцепување од Италија.


Новоформираното движење “Indipendeca Veneta” , очекува дека неколку илјади луѓе ќе доајдат на митинг инспирирани од сепаратистичките аспирации на Шкотска и Каталонија.

Толпата ќе се вози со гондола преку Големиот канал за да се испрати “порака за независност”, до седиштето на регионалната влада во провинцијата Венето.
Британскиот весник Дејли телеграф вели дека идејата на “Indipendeca Veneta” најверојатно ќе наиде на отпор кај Рим, но активистите сакаат новата држава да го обедини североисточниот дел на Италија – Венеција, Венето регионот и делови од Ломбардија, Трентино и Friuli-Venezia Giulia, пренесува Анса.

Според една неодамнешна анкета меѓу жителите на Венеција, кои зборуваат различен дијалект и се чувствуваат географски и културно далеку од остатокот на земјата, голема е поддршка за независност.
Според истражувањето, спроведено од страна на Corriere della Sera во септември, 80 отсто од анкетираните биле ,,за,, независноста на Венеција. И анкетата на весникот Gazzetina ја потврдил поддршката за независност, но со помалку од 70 отсто.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1