Најчудните болести во историјата


Има ретки и чудни болести за кои најверојатно не сте ни слушнале, но сепак постојат иако изгледаат како фиктивни.

1. Моргелонова болест

Четиринаесет илјади луѓе низ светот патат од оваа болест. Се појавуваат симптоми од кои растат црни, црвени и сини влакна кои излегуваат од кожата и создаваат чувство на скокоткање. Болеста е придружена и со лошење, губење на меморијата и болка во екстремитетите. Нејзиното име потекнува од областа во која прв пат се појавила во Франција, каде убила неколку деца откако им пораснале црни влакна на кожата во 17-тиот век.
84207296_Bolezn_Morgellonov
2. Прогерија

Позната е и како предвремено стареење. Лицата заболени од оваа болест изгледаат како да се старци, а всушност можат да бидат и деца. Болеста ужасно влијае на изгледот на заболените – тие имаат мали глави, големи очи и косата брзо им опаѓа. Болеста најчесто завршува со смрт на пациентите на многу рана возраст.
bolesti cudni


3. Болест која предизвикува чувствителност на вода

Проценето е дека има 30 случаи на пациенти кои патат од оваа болест. Резултира со хормонално пореметување кое им се случува на жените после пораѓај. Предизвикува сериозно чешање и болки во зглобовите при капење или дури и при пиење на водата.
najcudni-bolesti-foto-03


4. Болест поради која се зборуваат чудни јазици

Медицината има забележано 60 случаи на оваа болест низ светот. Пациентите зборуваат на јазик кој не постои и не може да се разбере. Познато е дека оваа болест има психолошка позадина, но нови студии покажуваат дека има дефект кој води до размена на зборовите и буквите.
najcudni-bolesti-foto-04


5. Болест која предизвикува смртоносно смеење

Некои научници ја нарекуваат Куру. Се појавува кај пациентот со случаен пароксизам на хистерично смеење кое се случува со месеци, и предизвикува мускулна болка и губење на способноста за прецизно изговарање на зборовите.

Сиптомите завршуваат со смрт на пациентите. Американскиот психијатар д-р Карлтон Гајдушек ја проучувал болеста и заклучил дека започнала да се шири после практикување на канибализам во племето Форе од Нова Гвинеја. Ова откритие довело до забрана на обичаите на племињата, и болеста исчезнала во 1976 година. Д-р Карлтон Гајдушек бил награден со Нобелова награда за медицина за ова откритие.
najcudni-bolesti-foto-05


6. Болест која ги претвора зглобовите во коски

Се појавила само еднаш во 1938 година кај Американецот Хери Истилк, кој започнал да ја губи способноста за да се движи постепено, и на крај не можел воопшто да движи ниту еден дел од телото, освен устата. Откако починал, неговото тело било донирано со негова согласност, која ја потпишал додека бил жив, со цел научниците да ја истражувачите да ги откријат причините.

najcudni-bolesti-foto-06 (1)

7. Синдром „Алиса во Земјата на чудата“

Ова е болест која влијае на сетилата на луѓето, и прави да мислат дека се’ што заболениот гледа, слуша или допира е многу помало од реалната големина, и чувствува дека неговото тело е многу помало. Оваа болест му предизвикува на заболениот силна мигрена.

Докторите се инспирирале за името на болеста од книгата „Алиса во Земјата на чудата“, во која хероината се соочува со слични состојби. И покрај медицинската дебата дали писателот на книгата, Луис Карол, всушност пател од оваа болест или не.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1