Google не е единствена технолошка компанија позната по чудните прашања на интервјуата за работа. Потенцијалните кандидати за работа во Apple, Microsoft, Facebook и многу други.
Кога одите на интервју за работа, очекувате да ве прашуваат за вашето поранешно искуство, вашите способности и недостатоци, историја и знаење за компанијата. Сигурно не би ни помислиле дека тоа е време и место за истражување на можни решенија за гладот во светот. Токму тоа му се случило на еден кандидат за софтверски инженер во Амазон.
Google e една од компаниите познати по својот спицифичен процес на интервјуирање на кандидатите и чудните прашања. На интервју кај технолошкиот гигант можете да очекувате да решавате релативно едноставни математички проблеми како “Имате два песочни часовници, еден од 4 минути и еден од 7 минути. Измерете точно 9 минути без процесот да трае повеќе од 9 минути” или пак навистина чудни прашања како “Еден човек го туркал својот автомобил до хотелот и го изгубил целото свое богатсво. Што се случило?”
Google не е единствена технолошка компанија позната по чудните прашања на интервјуата за работа. Потенцијалните кандидати за работа во Apple, Microsoft, Facebook и многу други компании поминуваат низ ригорозни интервјуа и процеси на селекција. Идејата е да се натера кандидатот да мисли и да се ангажира во решавање на проблеми на самото место, во реално време, и да премине преку подготвените одговори на стандардни прашања.
Кое е најчудното прашање кое вие сте го добиле на интервју за работа?
Еве неколку прашања од светски познати технолошки компании:
“Колку луѓе го користат Facebook во Сан Франциско во 14:30 часот, во петок?” – Прашање од Google
“Кога Германците би биле највисокиот народ во светот, како би го докажале тоа? “ – Прашање од Hewlett-Packard
“Ако имате 20 сијалици кои се кршат на одредена висина и зграда од 100 ката, како ќе ја одредите висината на која сијалиците се кршат?” – Прашање од Qualcomm
“Како ќе го решиите проблемот со глад во светот?” – Прашање од Amazon.com
“Се наоѓате во кајче во голем резервоар полн со вода. Имате сидро и го фрлате во водата (сидрото е доволно долго за целосно да легне на дното од резервоарот). Дали нивото на вода во резервоарот ќе падне или ќе се покачи?” – Прашање од Tesla Motors
“Спелувајте го зборот ‘diverticulitis’.” – Прашање од EMSI Engineering
“Имате букет цвеќе. Сите, освен две се рози, сите освен две се маргаритки, и сите освен две се лалиња. Колку цвеќиња имате?” – Прашање од Epic Systems
“Кога би биле Microsoft Office програма, која би биле?” – Прашање од Summit Racing Equipment