Бракот меѓу политичарите и криминалците – бугарски рецепт за шверц на стока


Само од шверц на цистерна со гориво криминалните структури заработувале или си распределувле 10.000 лева, од кафе 15.000, од цигари 10.000 за контејнер, од алкохол 15.000, од месо 10.000, од шекер 7.000, од зелено кафе од 7.000 до 8.000 илјади лева итн.

Годишните штети, констатира НАЦБЕЗ, биле пресметани врз просек на среден број на поминати камиони: 4 милиони камиони со ТИР карнети ги поминале границите на земјата.

 

 Автор: Никола К. Сајчев

 

Македонија се загрева пред локалните избори. Се групираат политичките сили. Довчерашните непријатели потпишуваат фиктивни политички бракови –само да се вратат на власт. Тоа значи дека ќе ни се повтори народната приказна „И волкот сит и овците на број„. Не е важно што народот во меѓу време се повеќе се осиромашува, а при тоа никој кривично не одговара на поставените прашања: Кој шверцувал нафта? Кој ги купил загубарите под олеснителни услови? Кој подоцна ги препродал? Одговорот на прашањата треба да го дадат поранешните премиери. Но, и сегашниот – зошто седи со скрстени раце, кога крај себе ги има инструментите на прогонот. Пропагандната војна што во моментов се води е јалова. Таа не носи плод, затоа што во апсана не лежат вистинските актери, туку пионите. Нешто слично се случува и во соседството. Рецептот е украден. Политички актери повторно се поранешни премиери, кои наводно додека седеле на фотелјата не знале што се случува на границата.

„Организираниот криминал ја создал политичката и национална елита.

Организираниот криминал и корупцијата ја создадоа бугарската национална елита. Тие обезбедија здрава врска меѓу политичката олигархија  и криминалните делови од општеството„ констатира во својата анализа екипата на Националниот сајт за безбезбедност, кој се занимава со корупцијата и митото што се случувал на бугарските граници. Екипата се занимава со поранешниот бугарски премиер Иван Костов, кој пред извесно време на трибината на 9 Национално собрание на ДСБ, предупредил дека Бугарската социјалистичка партија може да се врати на власт со тројна коалиција. Како што прилега на државник и на политичар, посочува НАЦБЕЗ, тој изразил загриженост дека Бугарите живеат се потешко. Власта не наоѓа соодветни политички решенија за излез од економската криза, населението се деморализира итн.

„И,…конечно сосема е природно, коментира сајтот, човекот наречен Командант самиот да се предложи, односно неговата политичка партија е решение за Бугарија„.

Всушност тој не е единствениот бугарски политичар кој не страда од никакви скрупули, да манипулира со јавноста и со гласачите„.

Екипата што го аланизирала неговото владеење посочуда дека Командантот, или паднал во состојба на целосен заборав за вината, или мисли луѓето се откачени и ќе ги голтнат новите ветувања.

НАЦБЕЗ потсетува дека одговорот на дилемата може да се побара во одговорите на најблискиот соработник на Иван Костов, екс министерот за внатрешни работи Емануел Јорданов. Тој во две емисии на „Дарик радио„, каде гостувал бил запрашан, дали до него и до владата стигале сигнали за шверц и корупција, кои намерно не биле проверувани само затоа што иницијатор на информациите доаѓале од “темноцрвени новинаrи”.

 

Како функционира синџирот на границите?!

 

Екипата на НАЦБЕЗ во Бугарија пишува дека „општо било познато дека методите на шверц на стока и вршење на царински измами, на сите царинските премини, станало практика по доаѓањето на власт на ОДС во 1997 година„.

Како извори за информациите НАЦБЕЗ кориси вработени во различни служби, претпоставени во реогионалните на гранични премини, вработени во националните и во територијалните служби, работеле на сигнали од овој период. Извори на екипата биле и бизнисмени, кои биле  запоставувани или подоцна се придружиле на шемата на корумпирани државни службеници.

Во 1997 год. на пример, најинтерсен бил шверцот со цигари и други акцизни стоки.

„Од безцаринските зони Истамбул или Солун биле претоварувани на камиони со користење на т.н. “Тапа” / друг тип на стока, за која се подготвувале двојни документи:  пониски количини; фиктивни транзит; користење на фалсификати за камиони карнет; пропуштање на товар “на зелено” / односно без какво било плаќање / и др.

Изворите за екипата на НАЦБЕЗ наведуваат имиња на фирми и лица ангажирани во оваа дејност. Тогаш за прв пат се споменуваат имиња на луѓе како Иван Тодоров “Докторот”, сопственик на фирма “Амигос-3”.

Добронамерните информатори  добро ги знаат каналите, кои укажуваат дека парите биле обезбедни или оставани на некој цариник од „Царина Свиленград„, кај Николај П. Исто така, екипата ја посочува големата царинска игра со т.н. “одредување на минимална прифатлива цена”, која функционирала  во рамките на добро организираната шема на Внатрешното царинско биро. Нивните претставници се појавувале во целата земја и масовно ги принудувале претставниците на бизнисот да си “плаќаат” за сè.

Според едни извори шверцот требало да се бара кај  иницијаторот: царината, граничната полиција и УПТР, кои работеле како елементи од систем и организација, на чие чело на стоеле некои од политичкиот круг, шефови на министерства, потпомогнати од безбедносните сили како гарант, контролор и на непосредните извршители.

Луѓето добро знаеле дека за секој граничен премин биле одредени координатори, за чие именување и водич одговарале ресорните министри, заменици министри и главните секретари на МВР и царината. Во овој случај НАЦБЕЗ, конкретно ги наведува имињата на С.Б. и З.З.

Во случајов информаторите, побарале помош од високите фунцкционери, во табели да ги наведат и штетите што и се нанесуваат на државата.

Така според нив само од шверц на цистерна со гориво криминалните структури заработувале или си распределувле 10.000, од кафе 15.000, од цигари 10.000 за контејнер, од алкохол 15.000, од месо 10.000, од шекер 7.000, од зелено кафе од 7.000 до 8.000 илјади лева итн.

Годишните штети, констатира НАЦБЕЗ, биле пресметани врз просек на среден број на поминати камиони: 4 милиони камиони со ТИР карнети ги поминале границите на земјата.

 

СИМБИОЗА МЕЃУ ДРЖАВНИТЕ И КРИМИНАЛНИТЕ СРУКТУРИ

 

Информаторите на екипата што ја истражувала оваа тема дополнително им понудиле информации за да се фокусираат на политичкиот момент во синциорт со  шверцот на стоката, кој бил двоен, со што штетите биле дуплирани. Во документите, кои сега се наоѓаат најверојатно во канцелариите на МСП, во разни министерства, задолжително МВР и неговите служби, се тврди дека централизирана национална организација на шверцот му помагаат регионални и територијални структури. Наведени се имиња со прекари, кои соодветните служби ги знаат или лесно можат да воспостават комуникација. За граничниот премин “Кулата”,  како главен одговорник бил наведен цариникоти Марио М., познат и како “џуџе”. НАЦБЕЗ тврди дека собраните од него суми биле пренесувани кај Стојан, кој понатаму ги пренасочувал во тогаш повисоката хиерархијата кај Косо наречен “Самоковец”, кој, пак, ги пренесувал на сопственик илу управител на некој ресторан, во кој често се одмараале влијателните полтичари и функционери. како премиерот Иван Костов, така и неговите пријатели . Лицето С.Х, кое било сопственик на ресторан подоцна формирал банка, пишува сајтот.

По истиот канал се движел и големиот рекет од царинските премини “Златарево” и “Станко Лисичково”.

Информаторите тврдат дека зад изборот на М.М. стоела одлуката на позната дама, назначена истовремено од државата, однсоно од МВР и на ГУ “Царини”,. Тј бил познат по иницијалите Е.В.

Ако министрите и главните секретари за МВР и МФ биле одговорни за функционирањето на националната шема, тогаш нивните потчинети имале исти свои обврски, но и соодветно лични приходи.

Ако за директорот на НСГП В.Г., и неговите потчинети, началникот на граничниот сектор Х.Ј., имало придобивки, исто така имало и за нивните курири Ив.П. и Б М, кои добивале дел од колачот што го правел синџирот.

Кога на директорот на НСГП В.Г. по службена должност му било пријавено дека за само четири месеци на грчкиот премин кон Бугарија биле насочени 300 цистерни со гориво и 120 камиони со пилешки батаци кои не биле регистрирани, тој спречила проверката на документите.

Сајтот НАЦБЕЗ посочува дека кон крајот на 2000 година имало остри судири меѓу безбедносните групи, кои наводно постепено биле надминати, по постигнат договор, според кој е обезбедено и неконкурентна распределбата на активностите и на насоките.

Според екипата на НАЦБЕЗ, СИК главно работи со нафтени производи, додека со кафето, шеќерот и месото работи воглавно претставникот на  Хр. К, кој во последно време не само што станал познат со интересите во енергетиката, туку и во политиката.

Последниот, како бизнисмен подоцна исчезнал, иако бил член на главната група, односно одговорен за пазарите на Илијанци. Во тоа време тие биле под заштита на директорот на ДНСП и кој, пак, бил одговорен за секој камион со шверцувана стока, без разлика на кој премин влегува во земјата, а при тоа моралло да се дава по 500 ДМ по камион.

Веројатно е вистина, констатира сајтот, тврдењето дека тој бил принуден да го сподели пленот со некого од повисокиот ешалон, односно  50 проценти од парите биле предавани на позната дама, од чие далче земале вработените во НСО, како и 10 проценти за главниот секретар на МВР.

На граничниот премин Златарево парите од шверцот ги добивал лицето М. М., со помош на Ф. Ф. Потоа тие заминувале кон одредени ресторани и адвокатот од Хасково, кој пак кон подоцна се испазарил за пратеничко место Хр. Б

Последниот Хр. Б. уште набрзина се збогатил купувајќи огромна куќа во Софија, во близина на реонот на Воена академија, наведува НАЦБЕЗ, а кога неговите сопартијци се обиделе да го испрашаат за потеклото тој преминал во друга партија..

Од слична шема пари се собирале од Свиленград, од преминот “Капетан Андреев”. Парите со предавале на Косо Самоковецот, кој заедно со помошникит Методи дел до пленот го предавеле на Х. Х.

Соодветно количество средства добивале тогашните директори на НСС и ГДБОП, дури не бил забораваан оној кој највискоко стоел во владејачката партија во Народното собрание.На некои места како граничниот премин Ѓуешево дури се појавиле сомневања за нелојалност кон изградената и предводена шема од највисокиот државен врв систем. Таму како организатор на каналите се појавувал В М, началник на РГС, пријател на тогашниот министерот за внатрешни работи. На граничниот премин “Калотина” организатори со биле Иван И., раководител, Б Ц, раководител, Н. Ц., началник на Х. А. Средствата собрани кај нив тргнуваат по синџирот на НСГП, ДНСП и нагоре.

На граничниот премин Русе и Силистра целата шема се раководела и изведувала преку тогашниот директор на НСС. Од таму бил извршуван шверцот на алкохол, цигари, компакт дискови и украдени автомобили.

Кадрите на овие две гранични премини биле одбрани и назначувани врз основана лична посветеност и верност.

До “партиското и државно раководство” стигале средства од Русе, Силистра, Разград и Плевен, велат од НАЦБЕЗ, а по соодветната прераспределба и кон И. Ц. Кој земал и покрај кревкото здравје но поради високата позиција во Советот за национална безбедност на МСП. На граничниот премин “аеродромот – Софија” организатор и отговорен бил Б. Л.

 

Милиони суми во рацете на криминалците

 

Освен со шверц на стоки, алчноста на политичко-криминалната група тука доаѓа дури до создавање на функционални канали за обезбедување на илегалци, арапски граѓани, за кои се прават и лажни пасоши, насочен основно кон дестинации во Западна Европа, САД и Канада.

Информаторите на НАЦБЕЗ, сигнализирале дека на  институциите им биле нанесува огромни штети и од несобирането на патарините и од дозволи.

Според нив, просечно годишно во земјата поминуваат 6 милиони возила со туѓа регистрација, за кои треба да се собираат такси: за автомобили по 50 лева; за камиони 1.000 лева и за автобуси по 1.000 лева. Во истиот период УПТР поднесува наплата само на 50 милиони евра. Разликата била прераспределена по истата шема како и при организираниот шверц.

На иницијатива на одредни групи било дозволено основање на фирма за помош на патот “АТЕК”, која дополнително собирала 5 лева од секое возило со странска регистрација, кое грубо пресметано носело годишен приход уште од 30 милиони лева.

Оваа компанија добива дозвола да работи на границите со помош на ген. Л, кој како метеор минал низ МНО во МВР.

Послушноста кон власта се обезбедувана неколку начини. Освен преку даденото негласно дадена дозвола за учество во т.н. организирани криминални канали, така и преку учество во збогатувањето за лична сметка, кои исто така се пренаменувале во разни други форми на зависности.

Познато е дека П. П., иако бил отпуштен и осуден за шверц на возила, тој бил вратен за инспектор на царина на “аеродромот”. И. А., внук на поранешен министер за внатрешни работи, иако документирано повеќе пати било докажувано дека одржувал лични врски со Косо “Самоковец” и пренесувал негови пари преку граничниот премин “аеродромот”, исто така бил оставен да служи.

Тајните соработници на поранешните специјални служби биле поставени во зависност од своето минато, биле принудувани да учествуваат во каналите. Во некои случаи тие самите барале и да учествуваат во корупциските врски, со силните претставници на ресорните министри, како што бил случајот со П П, долгогодишен директор на РМУ во Софија.

За димензиите на шверцот и можностите за личен интерес има доста податоци, вели НАЦБЕЗ. Само во декември 2000 година од Солун за Бугарија тргнале 250 контејнери со пилешки батаци, а од нив редовно биле оцаринети само 40. Загубите за државата изнесувале 8 милиони лева. Во оваа шема се и канцелариите во Кремиковци, Суходол, Горубљане и Митрополитот царина.

За време од 01. 01 до 19. 01. 2001 година од Солун за Бугарија тргнуваат 50 камиони пилешки батаци од кои се оцаринети само 6.

За овој период загубите за државата изнесуваат 1.700.000 лева.

За нив мито било одредено на 16.000 лева по камион, 2.000 се распределуваат на граничната царина и канцелариите, а останатите 12 илјади се за РМД и Агенцијата.

Сириските, кинески и дубајски стоки се пласираат по три канали-РМД Софија/ Митрополитот царина / Илијанци и РМД Пловдив.

Од овие шеми месечните штети за државата се 3.500.000 лева по премин.Посредниците стануваат бугарските граѓани од арапско потекло Рами Шабри и Абдулджалил Ибрахим Барзани, од сириски потекло. Тие биле врбувани и туркани од различни специјални и специјализирани служби на МВР.

Каналите во Пловдив, вели НАЦБЕЗ, се чуваат од Амато Савора, сириски државјанин, 30 проценти од профитот оди кон Косо Самоковец.

Савора работел со фирмите “Агрика Бон Ви”, “Софија-транс” и “РИН”.

Не политичката верност и алчноста ги поттикнуваат старите кадри да се менуваат Г.М., работел во ЦК на ДКМС, а раководед со кадровската служба на царината од која зависи изборот, именувањето и кариерата на цариници. Тој ја вовел тарифата одо 10.000 лева за вклучување во курс за инспектори и примање на царински печат.

Дел од овие податоци се потврдиле при извршена комплетна проверка во агенција “Царини”, за периодот 1999 -2000 година, велат изворите за НАЦБЕЗ. Резултатите од истрагата се задржани во тајност и биле користени само за уцена и влијание. Информаторите тврдат дека овие податоци, заедно со писма од граѓани со таква информација биле пренесени лично и до поранешниот премиер Иван Костов.

Изворот го цитира писмото кое ја открива изградбата на корупциска шема.

“Во 1996 година Захари Х. веќе преместен на позиција” царински инспектор “. Во 1997 година по препорак, Бисеров и со помош на Х Русев станува началник на царина “Свиленград”.

Таков бил случајот на Б. Ј. секретар на ГС на СДС регион “Изгрејсонце” Софија, кој исто така лично зборувал со „екс власта„ Иван Костов, Емануел Јорданов и високи службеници од ДНСП и НСС.

Криминалот, корупцијата и шверцот создадоа политичката елита на транзицијата, односно врска меѓу криминалните организации и полтичката елита. На овој начин кој и да дојде на власт, состојбата статус кво останува загарантирана.

Сите овие години, секој политичар или фунцкионер на системот прави влакно да не им падне од главите на неговите претходници. Плановите за корпоративно однесување  и лична корист се пренесуваат и се работат по договор.

 

Тим на НАЦБЕЗ.

Јуни, 2012 година

Прв сајт за национална безбедност

 

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1