Балкански Бенелукс или Голема Албанија?



Колумнистите на порталот ЕУобсервер Гинтер Фелингер и Екрем Красничи имаат идеја за таканаречен балкански Белелукс кој би бил составен од Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора.

Ваквата идеја повторно го привлече вниманието на медиумите во регионот. Аналитичарите сметаат дека ваквата заедничка држава би била корисна, а единствениот проблем го гледаат во намалената меѓусебна доверба.

Двајцата автори и Албанецот кој живее и работи во Брисел и Австралиецот со албанско потекло, предложија и Албанија и Косово и Македонија и Црна Гора да создадат трајна структура на соработка со цел да го подобрат политичките и економските односи и да ги забрзаат процесите на интеграција во ЕУ.

И двајцата говорат дека ваквата идеја нема никаква поврзаност за создавање на „Голема Албанија“ или пак „Голема Србија“, и дека за пример може да се земат Белгија Холандија и Луксембург земји кои функционираат како Бенелукс, а поединечно се независни држави. Противниците пак велат дека оваа идеја е всушност идејата за голема Албанија протната на мала врата.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1