Најден лек за очи – стар 2000 години


Стари, сиви дискови полни со цинк и пчелин восок  се пронајдени на потонат брод, стар околу 2000 години. Научниците сметаат дека  можно е  овие состојки да се користеле како лек за очи во минатото. Ова ново откритие фрла светлина врз развојот на медицината низ вековите. Научниците ги анализирале шесте сиви рамни таблети долги околу 4 сантиметри во дијаметар и широки 1 сантиметар, пронајдени во округли калајни кутии на потонатиот брод „Relitto del Pozzino“  кој е откриен на длабочина од  18 метри во 1974 година на морскотот дно во заливот Барати близу брегот на Тоскана.

20130111-lek-za-ochi-star-2000-godini-1

Трупот на бродот е долг од 15 до 18 метри а широк е 3 метри, и се смета дека датира од 140 година п.н.е

Римскиот брод лежи во близина на остатоците од етрурски град Популонија, кој за време на бродоломот  бил  клучно пристаниште меѓу трговските патишта помеѓу западот и истокот низ Средоземното Море. Голем број на артефакти биле пронајдени во текот на ископувањето, вклучувајќи и тегли со вино, бронзени бокали и прибор, купишта чаши изработени од сириско-палестинско стакло и ефески лампи.

“Таквите објекти укажуваат на тоа дека на бродот, или барем голем дел од неговиот товар, бил од исток, веројатно од грчкиот брег или грчките острови”, пишуваат истражувачите во студијата.

На бродот била пронајдена и медицинска опрема,како железни сонди, бронзени садови кои најверојатно биле користени за испуштање крв или нанесување топол воздух за намалување на болките. Овие пронајдоци укажуваат дека докторите од тоа време патувале со својата целосна опрема.

За да  се дознае повеќе за потенцијалните медицински таблети, истражувачите го испитуваат хемискиот, минералошкиот и ботаничкиот составот на фрагменти од скршена таблета.

Испитувањата покажале дека 80% од составот е од неорганско потекло. 75 % од составот е цин. Соединенијата од цинк е познато дека во минатото се користеле во медицински цели.

Таблетите исто така содржат скроб, борова смола,пчелин  восок и мешавина на растителни и животински  состојки добиени од масти, можеби и  маслиново масло. Скробот е позната состојка на римската козметика, маслиновото масло се користело за парфеми и лекови,  боровата смола можеби се користела за чување на состојките од микроби поради своите антисептички својства.

Интересно е што латинскиот збор за миење очи “, collyrium” потекнува од грчкиот збор што значи “мал круг.” Овој факт ја нагласува идејата дека овие мали округли таблети се поврзани со лечење на очите.

Оваа студија обезбедува вредни информации за античките медицински и фармацевтски практики и развој на фармакологија и медицина низ вековите “, велат истражувачите.” Покрај тоа, со оглед на моменталниот фокус на природните  соединенија, овие нови податоци можат да доведат до нови истражувања за терапевтска заштита.”

Факултети.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1