Најдобриот ресторан во светот, ‘Нома’ на Рене Реџепи затру 63 гости


restoran_nomaВо познатиот ресторан Нома во Копенхаген, носител на две Мишленови ѕвезди – највисоко одликување во светот за гастрономија, затруени се 63 луѓе.

Данската Управа за ветерина и храна побара итна инспекција на објектот.

Данските официјални лица за безбедност на храната бараат отстранување на недостатоци во работата и „подобро ракување со храната“ во ресторанот Нома.

reneredzepinoma

Инаку овој ресторан трипати беше меѓу најдобрите ресторани во светот, според оценки на францускиот магазин за ресторани Гастромаг.

Труењето со храна се појавило кај 63 гости на ресторанот кои конзумирале храна во периодот меѓу 12 и 16 февруари. Засега не е изолирана бактеријата причинител на труењето, јавуваат дански медиуми.

Инаку ресторанот е во сопственост на Рене Реџепи, кој по потекло е Македонец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1