Најдобрите бабини рецепти против испукани усни, болни отоци …


Најдобрите рецепти од нашите баби кои знаеле како да ги надминат нашите настинки, како нашата кожа да изгледа поубаво … ова е само дел од најдобрите и наједноставните бабини рецепти.

vintage01-600x330Солена вода за болно и воспалено грло

Не се знае од кога датира овој рецепт. Сите постари луѓе, нашите баби и дедовци, користеле солена вода за борба против воспалено грло. Ова навистина делува. Правењето гаргара со солена вода која се состои од половина лажичка сол и 30 грама вода, делува позитивно во смирување на слузокожата на грлото и помага во смирување на инфекцијата.

Листови зелка против отоци

И ова е рецепт кој датира од многу одамна. Ставањето на свежи листови зелка директно на местото на отокот го ублажува и намалува отокот. Така велат старите, но така велат и докторите. Исто така тие препорачуваат листовите свежа зелка да се постават директно на отокот да се прицврстат со завој и да останат во текот на ноќта на проблематичната регија.

usta ispukana1Мед против испукани усни

Ова е исто така стар рецепт кој лекарите безрезервно го оправдуваат. Медот има многу поволности, а една од нив е и неговата антибактериска способност и способноста да ја подобри регенерацијата на одредени сензитивни ткива како што е површинското ткиво на усните. Усните навлажнете ги најпрво со млака вода па потоа на нив нанесете тенок слој на мед. Потоа оставете да стои 15-20 минути без никакво допирање. По овој период отстранете го слојот детално со памук. Практикувајте го ова редовно.

Топла супа против настинка и грип

За ова веќе пишувавме и ова е можеби најпознатиот бабин рецепт. Навистина е делотворен и несомнено делува. Во придобивките на редовната конзумација на супа не се сомнева никој, па дури ни лекарите.

zdravjeizivot.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1