НАЈГОЛЕМ ПАД НА ЕВРОТО ВО СВЕТОТ: Најниско ниво спрема доларот во последниве 9 години!


Еврото во понеделникот на меѓународните девизни пазари потона на најниско ниво во споредба со доларот во последниве 9 години, бидејќи вложувачите очекуваат дека стапката на инфлација во еврозоната ќе биде во негативно подрачје, што, со политичките превирања во Грција, би можела да ја присили Европската централна банка на квантитативно ублажување на монетарната политика.

Greece-Euro-Crisis-300x199

Вредноста на еврото на азиските пазари падна на само 1,1860 долари, најниска вредност од 2006. година. Подоцна на европските пазари се тргуваше по 1,1938 долари, што значи дека еврото ослабело 0.5 отсто во споредба со затварањето на пазарите во петокот.

Доларот, пак, во споредба со јенот ослабел 0,14 отсто, на 120,29 јени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1