Несекојдневниот грабеж што се случи во НЛБ Тутунска банка го привлече вниманието на големи светски медиуми како американскиот Њу Јорк Тајмс, британскиот Дејли Мејл како и повеќе европски, американски и австралиски медиуми.
Но сепак во историјата на независна Македонија се случија и други големи грабежи.
Телевизија Нова графички ви ги прикажува најголемите грабежи во историјата на Република Македонија кои се случиле на нејзината територија, а притоа биле оштетени компании или друштва кои располагаат со високи суми на своите сметки или пак, честопати вршат трансфер на пари низ државата.