Луѓето кои добро ги познаваме и сакаме во исто време се и лицата кон кои најчесто упатуваме груби зборови или лошо се однесуваме, тврди професорката по психологија на Универзитето Џорџија Регентс, Дебора Ричардсон.
Таа таквото однесување го нарекува „секојдневна агресија“, додавајќи оти кон најдрагите грубо се однесуваме поради „тоа што тие не се странци од кои се плашиме“.
Д-р Ричардсон таквиот вид на агресија ја проучува од 1974 година, наведувајќи оти тоа не е лесна работа со оглед дека луѓето не сакаат да си признаат себе си дека се груби кон тие што најмногу ги сакаат.
Таа истакнува дека луѓето се груби кон најдрагите бидејќи многу време минуваат со нив и оти знаат дека тие нема да му забележат.
Основниот вид на „секојдневна агресија“, подразбира викање, удирање, конфронтација, вербало навредување. Мажите се посклони кон таквото однесување од жените.
Другиот тип е „индиректната агресија“ која подразбира недостиг на конфронтација. Примери за тоа се ширење гласини, оговарање, игнорирање на телефонските повици. „Индиректната агресија“ е подеднаквои застапена и кај мажите и кај жените.
Истражувањеата покажале дека луѓето се почесто директно агресивни кон браќата и сестрите, а индиректно кон пријателите и подалечните роднини.
Д-р Ричардсон посочува дека агресивните луѓе често вистински се збунети од своето однесување и не се свесни што направиле или кажале.