Властите во Москва соопштија дека најмалку 10 лица загинале, а над 100 луѓе се повредени кога воз во метрото нагло закочил во време на утринскиот сообраќаен метеж, при што три вагона излетале од шините.
„Сто и дваесет лица побараа лекарска помош, 106 се пренесени во болница. Околу половина од нив се сериозно повредени“, изјавил Голуков за Итар-тасс.
Причина, според првичните информации, бил проблем со струјата. Хелипотери и околу амбулантни возила пристигнале на местото за да помогнат при евакуацијата.
Првиот вагон од возот претрпел најголема штета, според очевидец на несреќата, кој бил во вториот вагон кога возот одеднаш закочил и светлата се изгасиле.
„Бев исфрлен во воздухот“, рекол очевидецот за Раша тудеј. „Имаше крв на подот, модринки на главите, скршени раце. Изби паника.“