Најмалку 17 починати од епидемија на морбили во Романија


Романија е зафатена од епидемија на морбили, кои досега биле причина за смртта на најмалку 17 лица, јавија денеска романските медиуми.SIPANICI MORBILI

Романскиот министер за здравство Флоријан Бодог соопшти дека од појавата на првите случаи на болеста лани во септември, па досега, во земјата се регистирани околу 3.400 лица заболени од морбили.

Поради еподемијата, Романија донесе одлука да ја намали старосната граница за примање на вакцината против морбили од 12 на девет месеци и препорача вакцинирање на сите деца помлади од девет години.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести пред неколку дена предупреди дека постои „голема веројатност“ за проширување на морбилите од Романија и во други држави.

Поголемиот број од заболените лица од морбили во Романија се регистритани во западните и југозападните делови на земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1