Најмалку 248 лица загинаа во земјотресот во Мексико, продолжуваат спасувачките акции


Спасувачки екипи и граѓани ја продолжуваат потрагата по преживеани од разорниот земјотрес што го погоди Мексико, во кој загинаа повеќе од 248 луѓе.

Локални медиуми јавуваат дека војници и пожарникари се вклучени посебно во спасување на деца од училиште во Мексико Сити, кое се урна од земјотресот.

– Војници и пожарникари пронајдоа тела на 22 деца и две возрасни лица под урнатините на училиштето „Енрике Ребсамен“. Тие се во потрага и по уште 30 деца и 12 возрасни кои се водат како исчезнати, изјави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието. Медиумите ги опишуваат случувањата околу училиштето како „хаотични“. Три лица беа спасени синоќа од тоа училиште.

Во земјотресот со интензитет од 7,1 степен според Рихтерова скала загинаа најмалку 248 луѓе од кои најголем дел во главнот град Мексико Сити – 117, потврди шефот на цивилната заштита Луис Фелипе Пуенте.

Во државата Морелос загинале најмалку 55 луѓе, додека 39 жртви има во државата Пуебла.

Во телевизиското обраќање, мексиканскиот претседател Нието побара од населението да остане мирно и да им дозволи на спасувачките екипи да работат без прекин.

– Населението треба да остане на безбедно и да овозможи непрекинато движење на возила за итна помош, нагласи тој.

Во главнот град урнати се најмалку 38 згради и голем број куќи. Сеизмолошката агенција на Мексико регистрирала неколку последователни потреси од кој најсилниот бил со интензитет од 4,9 според Рихтер. Мексиканскиот претседател нареди евакуација на сите болници што се оштетени. Од потресот прекинато е снабдувањето со гас во голем дел од државата и најмалку 4,8 милиони луѓе се без електрична енергија. Во голем дел згради се регистрирани пожари.

Тоа е втор силен потрес во Мексико во изминатите две недели. Милиони луѓе во паника ги напуштија домовите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1