Пуштањето во промет штетни прехранбени продукти или пијалaци, средства за лична хигиена, нега или други штетни продукти, со што се предизвикува опасност за животот или здравјето на луѓето, претставува кривично дело по чл.213 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор до три години.
доколку поради стореното дело настапила смрт на едно или повеќе лица, истото претставува квалификуван облик на делото и сторителот се казнува со затворска казна од најмалку четири години, велат од министерството за здравство.
Досега во Македонија од опасната бактерија заболеа 10 лица, 5 починаа.