Од денес пријавување за отпис на долгови за струја, парно, кредити…


Од денес се доставуваат барањата за отпис на долгови Министерството за финансии денеска го објави јавниот повик за еднократен отпис на долгови на најранливите категории, а од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата во Центрите за социјална работа

Барањата за отпис на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во центрите за социјална работа во местото на живеење во рок од 30 дена од објавување на повикот од Министерството за финансии, а за прифаќање на барањето ќе одлучува комисија

novcanikЌе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, по основа на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса.

Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата. Со оваа мерка се отпишуваат долговите на три најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица што активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата што се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

smetki500– Постапката е едноставна, граѓанинот треба да пополни основни податоци за себе и за брачниот другар и каков вид долг има. Со себе треба да носи своја лична карта и лична карта на брачниот другар. Тие ќе треба да потпишат изјава со која ќе дадат согласност за државните институции да можат по службена должност да ги набават сите други потребни документи од државните институции со цел постапката да биде поедноставна за граѓаните – рече Ставрески на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека во проектот се вклучени сите банки во Македонија, ЕВН, ЕЛЕМ, Топлифиакција, МРТВ, две штедилници, Нотарската комора и Комората на извршители. Целата постапка за отпис на долгови на најранливите категории на граѓани се очекува да заврши до ноември, а се проценува дека ќе се опфатат меѓу 50.000 и 100.000 граѓани. Со мерката заедно со главниот долг предвидено е да се отпишат и каматите, како и трошоците за нотари и извршители. За отпишаниот долг доверителите, односно банките, ЕВН, Топлификација ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот, кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1