Отсега кај нас ќе се прават операции на ‘рбет


Досега за ваков вид операции пациентите се праќаа во странство и плаќаа од 35 до 50 илјади евра, а отсега во Македонија ваква операција ќе чини до седум илјади евра

rbet lekar

Министерот за здравство Никола Тодоров информира дека оваа метода е особено значајна за младата популација, бидејќи овозможува корегирање на деформитетите во најрана можна возраст, од 14 до 15 години.

– Досега овие деформитети се третирале со прилично застарени методи, со гломазни пластични корсети кои не придонесувале многу за исправување на деформитетот, туку само за стабилизирање на болеста или за мало прогресирање, а пациентите имале прилично отежнато функционирање со нив – рече министерот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1