Најмалку четворица убиени во напад со камион врз војници во Ерусалим


Најмалку четири лица беа убиени, а 15 се ранети во нападот со камион врз израелски војници во Ерусалим, јави полицијата, цитирана од британските медиуми.

Еден од ранетите се наоѓа во тешка состојба.fenjfenj

Камионот се втурнал во група војници, кои штотуку слегле од автобус во Источен Ерусалим, пренесе ДПА.

Убиени се три жени и еден маж. Сите жртви се на возраст меѓу 20 и 30 години.

-Ова е терористички напад, изјави портпаролката на полицијата за израелското државно радио, додавајќи дека возачот на камионот е совладан.

Израелските медиуми јавуваат дека возачот на камионот е Палестинец, жител на Источен Ерусалим, кој бил застрелан од нападнатите војници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1