Најмалку петмина загинати при уривање на авион – во авионот не биле функционери на ЕУ


Најмалку пет лица загинаа кога мал авион, со кој се претпоставува дека веројатно патувале функционери на Европската унија, се урна утрово, непосредно по полетувањето од Малта

Во авионот, што утрово се урна на Малта, немало функционери на Европската унија, изјави портпаролот на Европската служба за надворешна дејност.avion-malta-640x294

Тој наведе дека авионот не бил најмен за извршување на мисија на ЕУ.

Исто така истакна дека високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ги следи информациите за несреќата и изразува сочувство до семејствата на жртвите.

Мал авион утрово се урна на аеродромот во Малта непосредно по полетувањето.

Претходно. медиумите објавија дека станува збор за службеници од граничната агенција на ЕУ, но ФРОНТЕКС на Твитер демантираше.

– Авионот кој се урна на Малта не е на ФРОНТЕКС, напиша на Твитер оваа агенција.

Весникот „Тајмс оф Малта” објави дека воениот авион бил земен под наем од Луксембург за потребите на ФРОНТЕКС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1