Најмладата милијардека на светот е на нула – го изгуби цело богатство


Богатството на Елизабет Холмс, една од најуспешните жени во светот, спадна на – нула, е оценката на магазинот „Форбс“. Минатата година, истиот магазин ја стави на местото најмлада милијардерка на светот со нето богатство од 4,5 милијарди долари. Нo, „Волстрит журнал“ направил истражување и докажал дека тестовите од нејзината компанија се непрезицни! Од тој момент, нејзиното богатство кое се проценуваше на над 4,5 милијарди долари – спадна на нула. Владините агенции почнале да ја истражуваат „Теранос“, да ја испитуваат веродостојноста на анализите и повторно да го проценуваат богатството на Елизабет. Се испоставило дека додека таа да ги врати парите на инвеститорите и акционерите од нејзиното богатство нема да остане ништо.elizabet-holms1

„Форбс“ смета дека нејзиното богатство, всушност, претставува 50 отсто учество во „Теранос“, медицинскиот стартап основан во 2003 година, во кој инвеститорите вложиле стотици милиони долари.

Елизабет имаше пеколна година. Беше директорка на стартап „Теранос“ кој правеше анализи на крвта. „Форбс“ соопшти дека разговарал со бројни стручњаци од индустријата, кои проценуваат дека вредноста на „Теранос“ е 900 милиони долари, врз основа на интелектуалната своина и парите кои веќе се подигнати, а не девет милијарди долари како што првобитно е проценета компанијата.

„Врз основа на толку ниските проценки, уделот на Елизабет Холмс, всушност, не вреди речиси ништо“, пишува „Форбс“.

„Теранос“ во меѓувреме се огласи со соопштение дека „Форбс“ ги немал неопходните податоци.

„Како приватна компанија, одбиваме да споделуваме доверливи финансиски податоци со „Форбс“. Статијата е засновата исклучиво врз шпекулации и извештаи од новинарите“, напишал портпаролот на компанијата Брук Бјукене.

„Теранос“ која требаше да внесе револуција во индустријата на крвните анализи, објави дека ги поништува сите наоди направени на нивните апарат „Едисон“ во 2014 и 2015 година. И додека се обидува да ја одржи компаниајта, американските надлежни служби го разгледуваат да и го забранат работењето во анализата на крв на следните две години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1