Најмрачната холивудска тајна: Ги малтретирал со години, мајка ѝ го убила за да ги спаси


Патот до Холивуд на повеќето ѕвезди бил трнлив и тежок. Иако сега е една од најпочитуваните актерки во светот, во минатото на преубавата Шарлиз Терон се крие мрачна тајна од детството.

Шарлиз е родена во Јужноафриканската Република, а пораснала на семејната фарма во близина на Јоханесбург, заедно со таткото Чарлс и мајката Герда.sarliz-teron-decko

Таа секојдневно била сведок на нападите на нејзиниот татко врз мајка ѝ, а се кулминирало една вечер кога нејзината мајка во самоодбрана го убила насилниот сопруг кој бил во алкохолизирана состојба. Актерката тогаш имала само 15 години. Иако било докажано дека убиството било оправдано и се случило во самоодбрана, мрачните сеќавања од таа кобна вечер и ден-денес, 25 години подоцна, се уште ја мачат.

Во едно интервју Терон изјавила дека со годините морала да научи да се носи со своето минато.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1