Голема тага: По 7 дена во кома почина детето што се обеси во бања


Осумгодишното дете од Чајетина кое минатата сабота падна во кома откако се обидело да се обеси во бањата од својата куќа, почина синоќа во ужичката болница.

Цели 7 дена детето беше под надзор на лекарите од одделението за интензивна нега, но и покрај нивните напори и внимание, на детето му немаше спас.screenshot_55

Околностите под кои несреќното момче наводно си врзало јаже околу вратот и паднало во длабока кома, се уште се непознати, и за случајот се води истрага. Она што е познато до сега е дека родителите го пронашле момчето без свест во бањата и ја алармирале итната помош.

Веста за трагедијата ја шокираше Чајетина која детето го знаела како примерно и добро воспитано момче.

Врз телото на детето ќе биде направена обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1