Најмрачната тајна на Ватикан: Сатанистички култ управува со светот на католиците?


Градот Ватикан е срцето на католичката црква и папата (Pontifex Maximus) е главата на црквата и врвниот „спиритуален“ лидер на сите католици во светот. Но Ватикан крие мрачни тајни кои не можете ни да ги замислите.

Sedes Sacrorum – Етимологија

Седес Сакрорум (латински за Светата столица), е управата на градот-држава Ватикан.

vatikan-rimski-kult-05Римскиот култ кој ја контролира католичката црква верува дека првата личност која го користела концептот на Светата столица бил Свети Петар.

Римскиот култ била група на крвожедни сатанисти, која била вмешана во жртвување на деца, спалување на луѓе на клада (се’ до 11 век после Христа), обожавање на сатаната и апсолутен целибат, дури и кај свештениците од најнизок ред.

Уште од 1-ви век п.н.е. високите свештеници на култот познати како „понтифи“, почесна позиција контролирана од неколку древни семејства, тврделе дека пред да постојат републиките постоела древната титула на Понтифекс Максимум, откако Римските императори претпоставувале дека самите се високи свештеници на култот Магна Матер.

Бидејќи се појавила љубомора поради нивното паганско наследство и правилата да се жртвуваат луѓето во чест на нивните демонски богови, семејствата на свештениците биле избркани од Рим повеќе пати, а бил затворен и Ватиканскиот храм.

vatikan-rimski-kult-04Сепак, после колапсот на Рим како центар на Империјата, паганските високи свештеници ја превзеле улогата на лидери на заедницата во Рим и за време на одреден период отворено се вратиле на нивните пагански обичаи, како жртвување на деца, канибализам и обожавање на демоните.

Околу 1482 година Томас де Торкемада бил именуван за инквизитор, генерал на Арагон, Валенсија и Каталонија. Тој имал посебна единица на мачители и специјална милиција, кои биле благословени и заколнати дека ќе му служат на највисокиот свет ред на Римскиот култ – СС, или Витезите на Седес Сакрорум.

Како воен одред на Римската католичка црква, Витезите на СС имале задолженија од легалниот и легитимен понтиф на Мајката црква да ја извршуваат Светата инквизиција врз сите „еретици“. vatikan-rimski-kult-03Тие се бавеле со убиства, мачење и контра-разузнавање, се’ со цел да го зачуваат и заштитат името на Светата римокатоличка црква и директно да ги застапуваат интересите на Светата столица како прв ред на Светите витези – СС.

Како спиритуален ред на римокатоличката црква, СС биле дарувани со посебната милост со тоа што „им биле простени сите нивни смртни гревови (поради што можат да одат во рајот)“. Затоа тие можеле да ги зачуваат своите доживотни високи позиции. Со други зборови, инквизиторите и сите Витези имале загарантиран „имунитет“ од одење во пеколот од папата, на сметка на нивните акти на мачење, терор и зло.

Овој култ има и посебни симболи. За обичните и чесните луѓе, крстот претставува посвета за Исус Христос и неговата голема пожртвуваност, но СС имаат сосема друга симбологија – за нив крстот не е ништо повеќе од распетие.

На облеката на папата може да се видат и други симболи, кои имаат долгогодишна употреба во овој таен ред.

Ватикан не е место на љубов и мир, како што обично замислуваме. Тоа е место на тајни ритуали и огромна тајност. Нивната цел е да ги заробат луѓето преку доктрини, страв и контрола. И бидејќи луѓето се плашат од она што не го разбираат, влијанието на Ватикан и католичката црква е непореклива – поголема од армија, тиранија или влада. Но, тие се и најголемата економска и финансиска моќ на светот, и ќе продолжат да го зголемуваат својот успех и моќ се’ додека луѓето веруваат во нивниот Бог.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1